Димитров: Одлуката на косовската влада да им даде по 10.000 евра на семејствата на осудените во „Диво Насеље“ не е во духот на градење европска иднина

0
1042

Денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров се сретна со министерот за европски прашања на Република Косово, Зурата Хоџа на маргините на регионалната Конференција “Градење капацитети и регионална соработка во процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан”, која деновиве се одржува во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења за регионалната и билатералната соработка, кои бележат подем. Во тој контекст, се разговараше за можностите за унапредување на соработката со Република Косово на планот на евроинтеграциите, и за споделување на стекнатите искуства на Република Македонија на тој пат.

На средбата стана збор и за последните реакции во Република Косово поврзани со изречените првостепени судски пресуди во случајот “Диво насеље”, при што МНР Димитров оцени дека одлуката на Владата на Република Косово за издвојување на буџетски средства за финансиска поддршка на семејствата на осудените државјани на Косово не е во духот на градење европска иднина за Регионот засновано на владеење на правото, што е заеднички интерес на двете земји.

a1on.mk