Димитровски: Опозицијата е маргинализирана во најзначајните комисии, со по еден претставник од ВМРО-ДПМНЕ

0
1778

– Денес сме сведоци на една ситуација каде што за прв пат во над 20 годишното функционирање на Советот на Општина Битола опозицијата е маргинализирана во делот на најзначајните комисии, кои што постојано заседаваат и уставената пракса која што претходно била и во 2013 кога СДСМ немаа мнозинство беа малцинство во Советот и во 2009 кога советничката група имаше уште помал број на советници од сегашната советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, сега сме сведоци на една ситуација каде што во најбитните комисии , за финансии за буџет за јавни дејности , за јавни комунални дејности сме сведени само на по еден претставник како насилие и искажување на сила од страна на мнозинството сепак ние како конструктивна опозициона група и она што го истакнавме на конститутивната седница нема да дозволиме да не бидеме дел од комисиите во овој состав на Советот бидејќи зад нас стојат 17.000 граѓани кои што се одважија и го дадоа гласот за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и сметаме дека им должиме да бидиме транспарентни, проактивни и директно вклучени во Советот во идниот четиригодишен период, изјави Борче Димитровски советник од ВМРО-ДПМНЕ