Димитровски: Време е за работа, а не за популизам

0
2031

На денешното врачување на решенијата за избор на градоначалник и советници на Советот на Општина Битола не присуствуваа само советниците од ВМРО ДПМНЕ и нивната коалиција. Димитровски носителот на листата на оваа партија кој е избран за советник во советот објаснува зошто тие денеска не присуствувале.

„До сега не се организирале свечености, туку на конститутивната седница се подигнувале уверенијата и се давале заклетвите. Така и ние ќе се појавиме на конститутивната седница. СДСМ да престане со популизмот, изборите завршија, време е да се фатат со работа, ја имаат апсолутната власт, ќе имаат и апсолутна одговорност- вели Борче Димитровски, кој беше носителот на кандидатската листа од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери.