До крајот на месецот многу топло време

0
837

Сончево и многу топло. Попладне на повеќе места  ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, не е исклучено локално овие процеси да бидат и поинтензивни. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Т-мин. од 11 до 20 а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 37 степени.

Во Битола до 32 степена.

До крајот на месецот продолжува периодот на многу топло време, со максимални температури насекаде над 30, а вдолж Повардарието и над 35 степени. Ултравиолетовото зрачење ќе биде многу високо, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.

До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на нестабилност на места  со пороен дожд и грмежи, а не е исклучено локално овие процеси да бидат и поинтензивни, особено утре.

Од среда времето ќе биде сончево и понатаму многу топло со пораст на дневната температура на воздухот, која се очекува да достигне и до 40 степени во јужниот дел на Повардарието.