До средината на наредната недела честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

До средината на наредната седмица нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хитромеоролошки работи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. УВ=8.

Температурите утре од 23 до 36 степени. Во Битола до 32 степена.

Share.