Донација која ја враќа вербата во човечката добрина

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Нема ништо поубаво од чувството кога некој излегува од комфорната зона за да го направи животот на некој поубав. Се сеќавате на приказната за Ведран и донацијата од 10.000 австралиски долари за формирање на фонд за негово образование, за која известуваа многу македонски и странски медиуми.
Денес во ТЕРА Телевизија пристигна писмо во форма на благодарност со кое се детерминира улогата на медиумот како одличен лобист кога на некој му е потребна помош, но и поврзаувањето со поединци и организации кои умеат да ги лоцираат оние на кои им е потребна надеж и верба во иднината.
Писмото во целост го објавуваме.

Dear friends,

I would like to take this opportunity to congratulate the Lion’s Club of Bitola on their 10th anniversary and commend them for their continuous hard work.

The day after the floods in Skopje my daughter sent me a link to a news article showing the devastation and loss of lives. It had a profound impact and spurred within me a call to action. After reaching out to a handful of friends and family, we were able to able to raise $10,000 within half an hour – this however would prove to be the easy part.

15327525_10154157630338106_1427469806_n

Being based in Australia and having no experience in these types of matters, we weren’t aware of how best to distribute the money. I reached out to a few media organisations in Macedonia who didn’t acknowledge our email. That is, everyone except Ljubica from Tera TV, who was very eager to assist.

The brief was that Ljubica find a family that had been affected by the floods to ensure our small donation could make a difference to their lives. We understood that the financial gesture would do very little to ease the suffering caused by their loss. Our aim was to merely reach out and underline that despite our distance, grief has no boundary. Pain caused through the loss of loved ones is universal, but so too is compassion and this was our primary motivation – to show empathy and thoughtfulness and to demonstrate solidarity in the midst of such difficult times.

To this end, greatest recognition must go to Ljubica for putting this together. The raising of the money was trivial and would have lacked the proper impact had she not taken responsibility for it’s appropriate application.

I have been asked on several occasions why I didn’t visit the family in person. The reality is, I am an emotional being by nature, and this family’s plight in particular I found very difficult to deal with. Given the enormity of their grief, I was genuinely concerned that my struggle would overshadow the good work being done. My priority was to always ensure that it was this positive effort that remained the focus. Without question, visiting the family in person will be a priority of mine during my next visit to Macedonia – one that I very much look forward to.

I have been sincerely humbled by all of the Macedonian people who have reached out to send me thank you notes. The truth is however, that it’s me who should be thanking them. The awful chain of events that unfolded have reminded me of the fragility of life. That the privilege of health and family needs to be revered and not taken for granted. That kindness is a gift in itself, one that has the ability to change lives. But most importantly, it has awoken a sense of urgency within me to look beyond my current world and to reach out and collaborate with like-minded others. For this opportunity, my warmest thanks to you all. It has been an honour to work alongside you and I hope that it’s one of many rewarding interactions in years to come.

Yours sincerely,
Jim Ristevski

Outsource to Macedonia

Драги пријатели,

Би сакал да ја искористам оваа можност и да ја честитам десетгодишнината на Лајонс клубот Битола и да ги пофалам да продолжат со нивната непрекината вредна работа.

Дента после поплавите во Скопје, мојата ќерка ми испрати линк до новинарска статија која зборуваше за уништувањето и загубата на човечки животи. Тоа длабоко ме трогна и ме поттикна да повикам на акција.

Искомуницирав со мои роднини и пријатели и успеавме за половина час да собереме 10.000 долари што се покажа дека ова беше лесниот дел. Бидејќи живееме во Австралија и немавме искуство со ваква ситуација, не бевме начисто како најдобро да се дистрибуираат парите. Испратив допис до повеќе медиуми во Македонија кои не одговорија на нашиот мејл, освен Љубица  од ТЕРА Телевизија, која покажа подготвеност да помогне.

Договорено беше Љубица да најде семејство погодено од поплавите и да осигура дека нашата мала донација ќе може да направи разлика во нивниот живот. Ние свативме дека финансискиот гест ќе направи малку за олеснување на страдањата предизвикани од загубата. Нашата цел беше само да пристапиме и нагласиме дека и покрај тоа што сме далеку, тагата нема граници. Болката предизвикана од загубата на најблиските е универзална, но исто така и сочувството и тоа беше нашата примарна мотивација, да покажеме сочувство и промислено да демонстрираме солидарост во таквите тешки моменти.

И на крај, најголемото признание треба да оди кај Љубица. Собирањето на парите беше тривијално нешто и ќе го немаше вистинското влијание доколку таа не ја преземеше одговорноста за нивна соодветна примена.

Во неколку прилики бев прашан зошто не го посетив семејството лично. Одговорот е дека по природа сум многу емотивен и ми беше особено тешко да се справам со болката на ова семејство. Заради големината на нивната тага, бев вистински загрижен дека моите напори ќе го засенат доброто дело што беше направено. Мојот приоритет беше овој позитивен потфат да остане во фокусот. Без сомнеж, личната посета на семејството ќе биде мој приоритет за време на мојата следна посета на Македонија, која многу ја очекувам.

Бев искрено трогнат од сите Македонци кои се јавија да ми пратат пораки на благодарност. Меѓутоа, вистината е дека јас ним треба да им заблагодарам. Ужасниот тек на настаните кои се случија ме потсетија на ранливоста на животот. Дека привилегијата да се има семејство и здравје треба да се ценат и да не се земаат здраво за готово. Таа љубезност е дар самата по себе и таа има способност да менува животи. Но, најважно од се, таа во мене разбуди чувство на потреба да гледам подалеку од мојот сегашен свет и да посегнам да соработувам со истомисленици.Во оваа прилика, примете ја мојата најтопла благодарност до сите вас.

Беше чест да се работи покрај Вас и се надевам дека ова е една од многуте успешни соработки во годините кои следуваат.

Искрено Ваш,

Џим Ристевски

Outsource To Macedonia

Share.