“Доста ги трпевме Вашите хирови”- порака на актерите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

После објавувањето на наградите на 52- то издание на македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински, на сцена излегоа актерите на Прилепскиот театарски ансамбл кои поклонувајќи и се на публиката истакнаа:

– Овој фестивал е поголем од сите нас.
Во историјата ќе останат сите ваши одлуки, но исто така кај публиката и целата театарска фела ќе останат во меморијата сите ваши хирови и лични интереси.
Оваа публика заслужува многу повеќе.
Со надеж дека нештата во Македонскиот театар ќе тргнат на подобро, се поклонуваме на нашата публика која останува единствен наш меродавен оценувач.

 

СТАВ НА ПРИЛЕПСКИОТ АНСАМБЛ КОН МТФ – "Овој фестивал е поголем од сите нас.Во историјата ќе останат сите ваши одлуки,…

Posted by Dimitar Crcoroski on Friday, June 16, 2017

Share.