define('WP_AUTO_UPDATE_CORE', 'minor'); Дождот предизвика штети и во селото Лажец - ТЕРА

Дождот предизвика штети и во селото Лажец

Излевањето на реката во селото Лажец поплави куќи, штали, околните патишта. Дел од трлата со овци беа поплавени, па сопствениците ги однесоа кај соседите.

-Се наполна вода, стоката ја извадовме, ги пренесовме кај соседите. Едните таму, другите таму, 200 глави каде да ги носиш. Овде беше една педа, ги кренавме креветите сите се со вода. Ќе не кренеше водата, кај мене влезе во гаражите, кај кравите, пченката ми ја удави. Од дете, 7-8 години сум овде реката не е чистена, велат жителите на Лажец.

Од Водостопанство „Битолско поле“ велат немаат проблем со каналската мрежа која редовно се чистела, но имаат проблеми со реките.

-Реките Лажечка и Велушка, во Породин и во селото Лажец има проблем, излевање во самото населено место. Тоа се случува затоа што подолго време не можат да се исчистат реките затоа што проблем се дрвјата. Лажечка река по цела должина има можеби над 1000 кубици дрвја.  Уште не е правно регулирано како, на кој начин Водостопанство може како да ги отстрани тие дрвја. Отпадот цел се фрла во каналите, реките. Тоа мора да се отстрани затоа што ни создава големи проблеми, вели Дејан Заревски, раководител во Водостопанство „Битолско поле“ .

Жителите на Општина Битола до 20 јануари можат да достават барањадо општината за надомест на штета од невремето кое ја зафати Битола и околината.

Сподели