Дружбите, забавите и љубовта од минатото – со Папалот низ времето

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Да бидеш дел од средина во која функционираш, да земаш од неа но и да придонесуваш за нејзиниот развој, а секое време носи промени и има свои обележја, има и недостатоци и придобивки, убави и помалку убави работи. Имун на промените не остнува ниту ноќниот живот. Токму тој е можеби најголемиот показат на општествените ситуации.

Врајќајки се во минатото и тргнувајќи од фактот дека секое време си има своја убавина , Папалот ни раскажува за неговото време кога тој излегувал и тие спомини кои што му ги буди битолското корзо.

– Корзото во Битола почнуваше во вечерните часови, но зависно од периодот дали лето или зима, околу 18ч. и сето тоа се одвиваше од Камениот мост па се до Отекс – Епинал, тука се шеташе во кругови, луѓето кои доаѓаа на тоа корзо правеја парада но имаше и посебни места каде што се собираа одредени друштва, така од Камениот мост на секои педесет или триесет метра, одредени друштва си ги знаеја местата каде се собираат. Од десната страна се собираја младите, тука се кибициравме, тоа беше жива слика на кибицирање, во смисол да го видиш оној што сакаш да го видиш, вели Велчо Петровски Паплот

Сите контакти и предизвици и симпатии се правеа на Широк Сокак. Меѓутоа се одеше во некој дел од градот каде што имаше кафана, немаше толку кафулиња како денеска. Беа Епинал, Корзо или баро, Софка и летната на Тумбе кафе каде се играше оро. Имаше и кафулиња но поинакви од денешните во смилса на дружењата, контактите и забавата во нив и во тоа време речиси и да немаше кафуле на Широк сокак, туку само корзо и местото викано ВПШ.

– Интересна е анегдотата за тој период. Имаше една серија “Долго топло лето “кога ќе дојдеше серијата корзото беше празно, само таа серија беше тогаш , оти тогаш излегоја телевизорите се собиравме по куќи и одевме да гледаме, тој живот во тој период се одивавше на таков интересен начин а не како сега, вели Велчо Петровски Паплот

Сега се забавци и журки зависно од возраста, тогаш беа игранки..

– Забавите беа игранки во тој период. Во сите месни заедници имаше игранки, таму свиреа групи во живо, правеја групи за свирка и не забавуваја  и тука се одвиваа тие игранки, најголемите игранки се одвиваја во Соколаната што ја викаат старите битолчани. Потоа имаше игранки во ЈНА наспроти имаше кино и таму имаше игранки, алкохолот го немаше во тие количини како сега, а ни обезбедување немаше, освен организаторите кои водеја рачун, немаше насилници, и како што не беше присутен алкохолот како сега за да може да направи предизвик, имаше тепачки ама не во таа мера,вели Велчо Петровски Паплот

Музиката е неизбежна за секоја забава па и за игранките а што е она што се слушаше во тоа време ?

– Па тогаш се слушаше она што сега вие младите го барате, имаше музика од ју просториите и вие младите зато ја барате таа музика, како од Мишо Ковач и други познати пејачи вели Велчо Петровски Паплот

Секое време си има своја убавина, разликата за која денеска сите сведочат е фактото што дружбата што тогаш ја имало денеска ја нема, оти новото време наметна една поинаква и повеке виртуелна дружба пртеку интернет.

Share.