„Државна лотарија“ го објави добитникот на 7-ка од Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вечерва „Државна лотарија“ во рамките на новото коло на Лото7 го објави добитникот на седумката од Битола, кој освои над 31 милион денари или над 506 илјади евра.

Се работи за семејството Јанковски од Битола, кое пред продажното место „Алек табак“ на Ат пазар во Битола се сретна со претставници на „Државна лотарија“ и каде заедно ја споделија радоста за оваа 7-ка, која досега е најголемата постигната премија од играта на среќа лото, во историјата на „Државна лотарија”.

Тука уплатени се 4 (четири) комбинации Лото 7 и 1 (еден) Џокер, а добитна е 4-тата лото комбинација со броевите: 8, 11, 20, 22, 28, 31 и 35, и со ова, ова продажно место стана најсреќното место во Македонија.

Леци со неговата сопруга раскажаа дека бројките кои ги играле не се бројки на родендени или други значајни датуми за нив и нивните деца, туку бројки кои веќе еден месец ги играле редовно.

Претходно имале други бројки кои исто така редовно ги играле само нив, но се случило да бидат испрани во алишта, заради што и направиле промена на бројките и токму таа промена им донесе седумка.

Повеќе за среќното семејство гледајте утре во Ритамот на градот на Тера ТВ.

Share.