ДУИ вечер расправа за составот и програмата на новата влада

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

ДУИ вечер во партиското седиште во тетовска Мала Речица ќе оддржи седница на партиското Централно претседателство, на која, како што велат од партијата на Али Ахмети, ќе разговараат за учеството на партијата во новата влада.

– Претседателот прави консултации со ограноците и партиските форуми со цел да се дојде до соодветни кадровски решенија – вели за Фокус партискиот портпарол Бујар Османи, додавајќи дека партискиот врв вечер ќе расправа и за владината програма.

Инаку, Османи се спомнува како иден вицепремиер за евроинтеграции, додека како можни министри од оваа албанска партија во новата влада на Зоран Заев уште фигурираат Хазби Лика, Садула Дураку, Аднан Јашари…

Share.