Два дефибрилатори доби Здравствениот дом во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ од Битола денеска доби два дефибрилатори донација од израелското министерство за надворешни работи. Оваа помош е наменета за потребите на Службата за Итна медицинска помош и домашно лекување и е од големо значење за оваа служба која има полни раце работа во услови на пандемијата од КОВИД 19.
Со денешната активност само продолжува пријателската соработка помеѓу Амбасадорот на Израел за Република Северна Македонија, Н.Е. Дан Оријан и директорката на домот Др. Весна Спиркоска која  работи на зголемувањето на ефикасноста на установата.

Се очекува оваа соработка да се збогати и со нови поголеми активности. Во таа смисла амбасадорот Дан Оријан веќе обезбеди финансиска поддршка во опремувањето на новиот дијабет центар кој се планира да биде готов во почетокот на 2021 година. Понатаму, во соработка со Министерството за здравство е отпочната постапка за реновирање на старата азбестна кровна конструкција над целиот објект, за  која што Израел изјави спремност да помогне во инсталирање на најнова
генерација фотоволтаици. Модернизацијата на овој објект е од витално значење за обезбедување на
превентивни услуги со висок квалитет за секој граѓанин. Тоа е од приоритетно значење и за Израел кој високо ја цени грижата на битолчани да го зачуваат споменот на некогашната еврејска заедница во овој град.


Помошта  ја предаде Емилија Дуковски од Проектот Хоуп Македонија како организација која ја даде неопходната техничка поддршка за прием на меѓународната испорака. Проектот HOPE во многу наврати соработуваше со Амбасорот на Израел за Р.С. Македонија, како на пример во програмата на
организацијата Дрим доктори од Израел за обука на македонските здравствени работници
На настанот на примопредавање на донацијата  присуствуваше и претставник од Министерството за здравство.На настанот беше посочено дека соработката помеѓу двете пријателски земји, крунисана во 2018г со заедничкиот меморандум за соработка е интензивна и плодна. Во таа смисла, следниот месец се очекува израелска помош за болницата 11 Октомври во Скопје за потребите на медицинските тимови кои се борат со заболените од корона вирусот.

Share.