Два позитивни случаи на ковид-19 во Еурофарм Пелистер 2

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Регистрирани се позитивни ракометари на Еурофарм Пелистер 2 по последното тестирање на ковид-19.

„РК Еурофарм Пелистер 2 ја информира јавноста дека двајца ракометари пријавиле симптоми на коронавирус и по тестирањето нивните резултати се позитивни. Целата екипа, стручниот и медицинскиот тим се тестираа и се очекуваат резултатите. Во зависност од нив ќе се знаат следните чекори и продолжувањето на тренажниот процес“, се вели во соопштението на клубот.

Еурофарм Пелистер 2 одигра четири натпревари во Суперлигата, група Б и запиша две победи и два порази.

Share.