Двата аеродроми во Скопје и Охрид ќе се отворат в среда

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Протоколот е направен по сите светски стандарди. Целосно се почитуваат принципите за дистанца, задолжително носење маска, а на многу места во зградата се поставени места за дезинфекција на рацете, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Во зградата ќе може да влегуваат само патниците, со што значајно се намалува ризикот од гужва. Ова е одличен модел и големо олеснување во целиот процес што значи чекирање карта, багаж итн. Поставена е термална камера на влез од ТАВ, а ние ќе продолжиме по истиот систем на скрининг, како што почнавме пред повеќе месеци на патниците кои доаѓаат. И понатаму ќе функционира собата за изолација, доколку некој патник е со покачена температура“  рече министерот Филипче.

Share.