Две големи кошаркарски имиња пристигнаа во Пелистер

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Кошаркарска Битола е на нозе, откако клубот официјализираше две големи засилувања за следната сезона. Нови членови на клубот од Битола се Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ. Минатата сезона двајцата настапуваа за Кожув.

Бојан Трајковски одлучи да се пресели во Битола и да заигра за еден од ретките клубови во македонското првенство чиј дрес досега не го облекол. Во својата кариера тој беше член на: Балкан Стил, Работнички, Фени, Торус, Лирија, Куманово, Карпош Соколи, МЗТ Скопје и Гостивар.

Последната сезона му беше соиграч на Стајиќ во тимот на Кожув, но се повреди пред крајот на ноември и оттогаш не одигра ниеден натпревар.

Share.