Двесте загинати на полигонот за тестирање на ракетите во Северна Кореја

0
543

Најмалку 200 лица загинаа кога се распадна тунелот на објектот за тестирање на нуклеарното оружје во Северна Кореја, тврди јапонската телевизија „Асахи“.

Несреќата, наводно, се случила на 10 октомври оваа година, при што загинале 100 луѓе и повеќе од 100 други биле заробени во тунелот. За време на обидот за спасување се случил дополнителен колапс на тунелот, при што повеќето заробени внатре загинале, што резултира со зголемување на бројот на жртвите на повеќе од 200.

Телевизијата „Асахи“ се повика на неименуван извор во Северна Кореја, но засега ниту еден друг независен медиум не ги потврди овие тврдења. Според јапонската телевизија, инцидентот се случил поради слабеењето на копното на поширокото поле на тестирање на нуклеарното оружје, што се случило по шестиот нуклеарен тест во областа.

Еден ден пред објавувањето на оваа вест на јапонската телевизија, јужнокорејската влада предупреди дека само уште една нуклеарна експлозија на теренот за тестирање може да го уништи целиот полигон и да предизвика зрачење.

http://makfax.com.mk