Eлектронско учење со платформата МУДЛ

0
1087

Eлектронското учење со платформата МУДЛ беше претставена во Битола на осмиот регионален (западнобалкански) и прв македонски Moodle Moot. Домаќин беше Акдемијата Смилевски, а беше претставена нејзината примена преку поставување на курсеви, преставување на активностите и ресурсите, како и примена на МУДЛ во сите видови на образование.


Учесниците на конференција и работилниците беа запознати со темите МУДЛ како организациона алатка во образованието на ниво на Универзитет, Факултет, во средно и основно образование, како и примена во неформалното образование и приватните училишта за странски јазици, информатика и математика.


За време на дводневната конференција учесниците имаа можност да се запознаат со платформата и нејзините можностите за користење во наставата.

Експерти од електронското учење со платформата МУДЛ ги запознаа и со можностите на МУДЛ и за помошните софтвери за предавање кои претставуваат неопходни алатки за работа во компјутерската училница, како и  за конференцискиот сервис ZOOM, кој заедно со МУДЛ и помошните софтвери за предавање претставуваат одлична комбинација за спроведување на електронска настава а воедно и далечинска настава.