Eурофарм Работник победи и во Берн и обезбеди групи на ЕХФ Купот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Еурофарм Работник во дебитантската сезона на меѓународна ракометна сцена се пласира во групната фаза од ЕХФ Купот. Битолскиот состав е поуспешен во двомечот од третото квалфикаицско коло од швајцарскиот Берн откако денеска во возвратниот натпревар победи со 28-30 и ја надополни сигурната и висока победа од 10 гола разлика од мечот во Битола минатиот викенд.

Емир Граѓан со седум погодоци од исто толку обиди беше прв стрелец, зад него со три погодоци помалку беа репрезентативците Ојлески и Кузмановски.

Ждрепката за групната фаза на ЕХФ Купот е закажана за в четврток на 29 ноември, а следните натпревари се закажани за 9/10 февруари 2019 година.

Share.