Еден силен и четири послаби земјотреси за речиси еден час

0
1377

Од 13:18 часот кога беше првиот и најсилен земјотрес денеска до 14:31 часот регистрирани се вкупно пет земјотреси во охридско-преспанските регион, каде тлото веќе две недели не се смирува и каде бројката на потреси надмина 800.

Најсилниот денешен земјотрес е регистриран во 13:18 часот на 12 километри североисточно од Охрид со јачина од 5 степени според рихтеровата скала, а кој силно беше почувствуван и во Битола, но и во други градови на Македонија.

Вториот земјотрес беше во 13:47 часот со јачина од 2,8 степени според Рихтер од истото епицентарлно подрачје.

Третиот се случи во 13:54 минути, а во жариштетото магнитудата беше 2,7 степени.

Четвртиот во 14:08 часот со интензитет од 3 степени, а петтиот во 14:31 часот со јачина од 2,8 степени.

Според извештаите одредени материјални штети биле предизвикани во Охрид, напукнувања на ѕидови имало и во Ресен, а во Битола некои од граѓаните го почувстввале земјотресот дури во својот автомобил.