Еден загинат и седум повредени при напад со нож во Полска

0
284

Едно лице загина, а седум други се ранети попладнево кога маж вооружен со нож нападна купувачи во една продавница во градот Сталова Воља во југоисточниот дел на Полска, соопшти полската полиција.

Според полицискиот портпарол Анджеј Виршина, инцидентот се случил околу 15 часот во најголемиот трговски центар во градот, кога вооружениот маж од зад грб нападнал осуммина купувачи во продавницата.

Полицијата успеала да го совлада и упаси напаѓачот.