Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајка на патот Ресен-Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 31.07.2020 во 18,00 часот на магистрален пат Ресен-Битола, кај место викано „Лебара Жито“ Ресен,  се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 65 годишно лице од Прилеп и патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 42 годишно лице од с.Грначари, ресенско.

Во незгодата починала сопатничката во патничко моторно возило „астра“ 62 годишна од Прилеп, додека со возило на итна медицинска помош во Клиничка болница Битола биле пренесени возачот,  неговата малолетна сопатничка од Прилеп и возачот на другото возило , на кои од доктор им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола, соопшти МВР.

Share.