Египет повторно изврши напади во Либија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Египетски воени авиони извршија воздушни напади врз либискиот град Дерна, велат претставниците на либиската армија.

Со ова Египет ги продолжи нападите против исламските екстремисти, кои беа одговорни за нападот и убиството врз група коптски христијани минатата недела.

Еден сведок изјави дека еден напад бил насочен кон западниот влез во градот Дерна, а два други напади биле насочени кон делови од јужниот дел на градот, објави Ројтерс.

Претставникот на египетската армија одби да го коментира настанот, но командантот на либиската бригадата Абдулсалам ел Хаси за Ројтерс изјави дека нападите биле насочени кон две групи поврзани со Ал каеда.

„Воздушните напади ги извршија Либиската национална армија и египетската војска“, изјави портпаролот на Либиската национална армија Ахмед Месмари.

Египетските воздушни сили ги почнаа нападите неколку часа откако маскирани мажи нападнаа автобуси што оделе во манастир во јужниот дел на Египет, и отвориле оган од непосредна близина, при што загинаа 29, а ранија 24 лица, пренесува Ројтерс.

Share.