define('WP_AUTO_UPDATE_CORE', 'minor'); Египќанецот Карим Хeндави потпиша за Еурофарм Пелистер! - ТЕРА

Египќанецот Карим Хeндави потпиша за Еурофарм Пелистер!

РК Еурофарм Пелистер официјално го претстави првото засилување во 2021 година. Нов член на нашиот клуб е репрезентативецот на Египет, Карим Хeндави. Најдобриот египетски голман доаѓа во Битола како големо засилување за голманската позиција.

Хeндави потпиша договор и официјално ќе биде претставен штом ќе му завршат репрезентативните обрвски на Светското првенство. Хeндави има 32 години, долго време е најдобар египетски голман и стандарден репрезентативец, а има и акумулирано искуство од настапи во Европа.

По искуството во Замалек, во шампионатот на Египет, Хeндави мина две сезони во првакот на Турција, Бешикташ, а последен клуб за кој настапуваше е романската екипа Доброгеа Суд. Хeндави доаѓа како слободен ракометар и ќе биде еден од ретките Африканци и само втор ракометар од Египет кој ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер.

Новиот голман на битолскиот клуб висок е 188 сантиметри и важи за импулсивен голман, со нескриен темперамент. Со египетската репрезентација освои злато на Африканскиот шампионат во 2016 година на домашен терен и во 2020 година во Тунис.

Сподели