Ехуд Олмерт предвреме ослободен од затвор

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт беше ослободен од затвор во недела рано наутро, каде што мина 16 месеци заради корупција, вклучително измами, мито и влијаење врз судството, јави весникот The Jerusalem Post.

Неговата казна беше намалена за една третина во четвртокот, преку ненадејно решение на компетентните органи.

Првично беше наведено дека Обвинителството нема да ја промени изречената пресуда, но на крајот Олмерт беше ослободен предвреме.

makfax.com.mk

 

Share.