Екс градоначалникот на Ѓорче Петров Сокол Митровски остана без пасошот

0
358

Кривичниот суд го прифати барањето на Основното јавно обвинителство Скопје и на поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, и на уште пет лица им одреди мерки на претпазливост.

На Митровски и на другите петмина осомничени судот им ги одзеде пасошите, им забрани да го напуштаат живеалиштето, односно Скопје, и им наложи редовно да се јавуваат кај службено лице во судот.

Обвинителството вчера соопшти дека отворило истражна постапка против девет лица за злоупотреба на службената положба и овластување.

Осомничените лица, меѓу кои е и поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, се товарат дека во 2014 година постапиле незаконски при одлучувањето во постапки за поднесени барања за утврдување правен статус на бесправни објекти, со што нанеле штета во висина од 4.100.090 денари, односно 66.550 евра.

Според Обвинителството, осомничените незаконски спровеле постапка за легализација на три објекти и приватизација на општинското земјиште по цена од едно евро за еден квадратен метар, иако пазарната цена била значително повисока.

http://novatv.mk