Експлозија во Амбасадата на САД во Украина

0
260

Во Амбасадата на САД во Киев одекна експлозија, во која нема повредени, соопшти денеска украинската полиција.

Како што се наведува, експлозијата во американската амбасада, која се наоѓа во центарот на Киев, одекнала малку после полноќ.

„Истражителите утврдија дека непознато лице фрлило експлозивна направа на територијата на дипломатската мисија“, се наведува во полициското соопштение.

Американската Амбасада засега без реакција.

Портпаролот на киевската полиција Оксана Блишик на Фејсбук објави дека „експлозијата на територија на амбасадата на САД се третира како акт на тероризам, пренесува ТАСС.