Емилија Динева е жената чие срце и бубрези се донирани на тројца пациенти

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Ден полн со емоции за сите. За семејството Диневи кое пред неколку дена ја загуби својата сакана мајка и сопруга, Емилија Динева, за семејството Огненовски чиј татко и сопруг доби втора шанса“, вака денеска се обрати министерот за здравство Венко Филипче по успешната прва трансплантација на срце во Македонија.

Откако на Емилија Динева и беше дијагностицирана мозочната смрт, нејзините најблиски одлучија да ги донираат нејзиното срце и бубрези. Сега срцето на Емилија Динева чука во градите на Иван Огненовски, а нејзините бубрези спасија живот на двајца пациенти кои со години беа на дијализа.
Ден полн со емоции и за мене како човек, како хирург и на крајот како министер за здравство. Ова е историски ден за сите нас и за нашето здравство, вели Филипче.

Синот на 54 годишниот пациент кој е првиот на кому му беше трансплантирано срце во земјава, денеска изрази сочуство и благодарност до семејството на донорот – Емилија Динева.

„Сакам да изразам големо сочуство до фамилијата и едно големо благодарам што со донирањето спасија три животи, меѓу кој и животот на татко ми“, изјави Васил Огненовски.

Тој се заблагодари на тројцата врвни каридохирурзи Проф. д-р Сашко Јовев од Државна Кардиохирургија, д-р Жан Митрев од клиниката “Жан Митрев”, Проф. д-р Александар Николиќ од клиниката “Аџибадем Систина” и д-р Маја Мојсова Мијовска од КАРИЛ направена е правата успешна трансплантација на срце во нашата земја.


„Бескрајно сум благодарен и горд на моите колеги за нивниот успех, на семејството на Емилија за нивната големина, човечност и хуманост и на семејството Огненовски на довербата кон македонското здравство и нашите лекари“ вели министерот за здравство.

Share.