Емир Кустурица доживеа сообраќајна несреќа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Славниот филмски режисер Емир Кустурица доживеа сообраќајка, кога со возило марка „Мерцедес“ со која управуваше Вичентије Савиќ излетале од патот.

Кустурица е повреден во сообраќајна несреќа на патот од Белград за Чачак на 140 километри од српската престолнина. Тоа го пријави српската верзија на швајцарскиот таблоид „Блик“, цитиран од агенциите.

Според информациите на весникот возилото, во кое патувал режисерот, излетало од патот. На Кустурица, како и на возачот, била укажана прва помош, по што двајцата се пренесени во болница, пишува изданието.

Share.