Епископот Велички Гаврил Светогорец канонизиран за светител

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска во списокот на светиите го впиша епископот велички Гаврил Светогорец.

Одлуката на САС на МПЦ – ОА беше објавена на светата архиерејска литургија што се одржа во Соборниот храм „Св. Никола“ во Штип, а со која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на членовите од Синодот.

Светите мошти на епископот Гаврил беа изложени во Соборниот храм во Штип.

Православната брегалничка епархија вчера во Соборниот храм го почна чествувањето по повод 50 години од возобновувањето на Охридската архиепископија како Македонска православна црква и впишувањето на епископот велички Гаврил Светогорец во списокот на светиите. Прославата почна во 18 часот со вечерна богослужба на која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Share.