Ердоган ја забрани употребата на зборот „арена“

0
772

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека ја забранил употребата на зборот „арена“ како синоним на „стадион“, бидејќи тој, како што рече, води корени од Стариот Рим и се однесува на место каде „луѓе се бореле за својот живот“.

– Во нашиот јазик не постои нешто такво – рече Ердоган во обраќањето пред ученици од верски училишта собрани на стадион во Истанбул, што го носи неговото име.

Тој нагласи дека веќе му наредил на министерот за спорт да ја спроведе оваа забрана.