Eрдоган ќе го урива културниот центар „Ататурк“ за да изгради опера

0
353

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе го сруши Kултурниот центар “Ататурк” кој одигра клучна улога во протестите во 2013 година, и на негово место ќе изгради опера.

Во говорот што го одржа во Истанбул, Ердоган ги обелодени плановите за дизајнирање на новата оперска куќа на плоштадот Таксим на моменталната локација на центарот Ататурк .

Поддржувачите на проектот велат дека зградата ќе стане икона на градот и културен објект од светска класа, но противниците тврдат дека новата градба ќе избрише уште еден важен симбол на модерната турска република, основана од Мустафа Кемал Ататурк.

Ердоган ги спореди противниците на оперската куќа со оние кои ја попречуваат борбата против тероризмот.