Естонија стои на патот на нашите одбојкари за финале на Европската лига

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра против Естонија во полуфиналето од завршниот турнир на Европската лига. Одлуката падна денес, ден по завршницата на средбите од групната фаза. Македонија со двете победи над Полска и благодарение на двата порази на Грција во последното коло обезбеди место на завршниот турнир кој ќе се одржи во Полска на 13 и на 14 август. Во второто полуфинале ќе играат репрезентациите на Полска и Словенија. Естонците се селекција против која на стартот претрпевме два убедливи порази, па ќе биде особено тешко во полуфиналниот дуел в четврток.

Share.