Еурофарм Пелистер 2 ги продолжи договорите со тројца клучни ракометари

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 започна да се екипира за сезоната 2020/21. Клубот ќе се натпреварува во Суперлигата и не ги крие високите амбиции во натпреварувањето. За да се задржи автентичноста на битолскиот клуб и познатата школа, Еурофарм Пелистер 2 ги продолжи договорите со некои од ракометарите кои го понесоа товарот во сезоната 2019/20.

Младиот Иван Димитровски потпиша двегодишен, а Стефан Дрогришки и Стефан Талевски едногодишен договор со Еурофарм Пелистер 2 и во иднина ќе го сочинуваат костурот на екипата. Еурофарм Пелистер 2 ќе се потпре на млади ракометни сили и нема да биде без амбиции во следниата сезона.

Во периодот кој што следи клубот ќе го претстави комплетниот проект, останатите засилувања и стручниот штаб за сезоната 2020/21.

Share.