Еурофарм Пелистер 2 се засили со Јован Талевски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Тренерот Александар Јовиќ од денес на располагање има уште еден нов ракометар во ростерот на суперлигашот Еурофарм Пелистер 2. Вториот битолски клуб се засили со Јован Талевски. 25-годишниот Талевски игра на позицијата среден бек, а минатата сезона ја мина во редовите на босанска Слобода Тузла.

Средниот бек со битолчани тој се договори за едногодишна соработка. Талевски претходно во БиХ пристигна од Турција каде го носеше дресот на Јозгат, а во кариерата настапуваше за македонските тимови Прилеп и Работнички.

Нови имиња во тимот на Еурофарм Пелистер 2 се Петар и Павле Атанасијевиќ, Андонов, Белистојаноски, Цветан Кузманоски, Стоилевски и Арсеновски.

Share.