Евгенија Дивитарова освои второ место на Макинова

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Евгенија Дивитарова од Битола со својата CNC машина која сама ја направи, изработи заштитни визири кои ги донирала во Клиничката болница од Битола, битолските аптеки, администрацијата, приватни стопанственици и на други места. Имено таа учествуваше на 41. Макинова, која од 08.11 до 10.11.2020 се случуваше онлајн, на која имало 77 учесници од кои 13 биле од странство. Заради пандемијата натпреварот се одржа онлјан со што сите мерки за заштита од ковид-19 биле запазени. Секој од натпреварувачите презентираше пред комисија која беше составена од еминентни професори.

Дивитарова за Ритамот на градот кажа дека нејзината машина била најбарана за изработка на визири за време на пандемијата.

„Се претставив со CNC машина која е продолжние на претходната која има широка примена во различни области, конкретно за време на почетокот на ковид пандемијата овие машини беа едни од најбараните за изработка на визири, а јас со мојата машина изработив и истите ги донирав“, посочи Дивитарова.

На манифестацијата Макинова, Дивитарова го освои второто место. Голем број од уредите кои таму биле претставени, биле наменети за помош во справувањето со ковид-19. Наградите ги додели директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Горан Герасимовски.

„И покрај околностите во кои се наоѓаме оваа година заради КОВИД-19 пандемијата мора да застанеме и да им оддадеме признание на креативните умови кои со својата работа рушат бариери. Токму во ова време е важно да дадеме поддршка на иноваторите и да ги поттикнеме да продолжат да создаваат. Овие изуми се доказ дека помошта во време на криза доаѓа токму од иновациите. Продолжуваме да негуваме партнерски однос со иноваторите за да креираме амбиент кој ќе овозможи уште бројни успешни проекти во иднина, истакна Герасимовски.

Манифестиацијата МАКИНОВА е место каде македонските иноватори традиционално ги презентираат своите производи. Наградите се доделуваат во знак на соработката меѓу Заводот за заштита на индустриска сопственост, Народна Техника и Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања – СПАТУМ.

Наградите се доделуваа на отворено, следејќи ги сите протоколи за превенција од ширење на вирусот.

Инаку Евгенија Дивитарова доби и парична награда од Општина Битола по повод „4-ти Ноември“.

Share.