Европа му оддава почит на Хелмут Кол

0
707

Повеќе од 20 шефови на држави и влади, еден поранешен крал и стотици официјални лица присуствуваа на комеморацијата на поранешниот канцелар на Германија Хелмут Кол на ЕП во Стразбур.

Ковчегот покриен со знамето на Европа го внесоа осум германски војници. Поставен е на платформа во центарот на салата за оваа манифестација, прва таква организирана во историјата на Европската унија.

Три венци беа поставени пред ковчегот, еден во боите на Германија друг во име на Европската унија и третиот во името на неговата сопруга.

Хелмут Кол беше вистински европјанин и пријател. Европа му должи многу“, рече пред церемонијата претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Кол почина на 16 јуни, на 88 години. Тој беше творец на повторното обединување на Германија во 1990 година, и човекот кој по Втората светска војна најдолго од сите беше на должност Канцелар (1982-1998).

Кол беше заговорник за ширење на Европа кон исток и со францускиот претседател Франсоа Митеран беше главен архитект на Мастрихтскиот договорот на ЕУ и воведувањето на заедничка европска валута – еврото.

Како историска фигура на конзервативната Демохристијанска унија (ЦДУ) се смета за лицето на кое сегашната канцеларка Ангела Меркел му го должи својот пораст во 1990-тите.

„Неговото наследство за Европа е огромно“, рече Јункер, додавајќи дека на церемонијата ќе зборува како пријател, а не како официјален претставник.

За прв пат во историјата на Европската унија е организирана церемонија за оддавање на чест на еден од трите водачи кои беа прогласени за почесни граѓани на Европа, рече Јункер. Другите двајца се Французинот Жан Моне, кој почина во 1979 година и Жак Делор, кој има 91 години.

Многу лидери кои соработувале со Кол, како што се Жак Делор, Валери Жискар Дестен, Жак Ширак и русинот Михаил Горбачов не можеа да дојдат на церемонијата поради здравствени причини.

www.mkd.mk