Владејачката партија на премиерот на Холандија Марк Руте ги освои повеќето места во парламентот, јавуваат светските агенции врз основа на излезните анкети.
Во Холандија денес се одржаа парламентарни избори кои се закануваа да предизвикаат нови потреси во Европската Унија, бидејќи антиевропската опција на чело со Герт Вилдерс според сите прогнози беше многу блиску до победата.
Владејачката десничарска Народна либерално-демократска партија во следниот состав на парламентот би требало да има 31 место, а екстремно десничарската Партија на слободата на Вилдерс 19 од вкупно 150 места во холандскиот парламент.
Анкетата била спроведена на 43 од 9.300 гласачки места.