Европската агенција за лекови го одобри дексаметазонот за лекување на Ковид-19

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на дексаметазон за лекување на пациентите со ковид-19  кои имаат проблеми со дишењето.

Дексаметазонот може да се користи за лекување на возрасни лица и адолесценти на кои им е потребна терапија со кислород или респиратор.

Испитувањето на научниците од Универзитетот во Оксфорд во јуни покажа дека дексаметазонот ја намалува за една третина смртноста кај пациентите во тешка здравствена состојба.

Дексаметазонот веќе е одобрен во Јапонија за лекување на заразените со ковид-19.
Share.