Facebook изгуби 42 милијарди долари од својата вредност

0
253

Facebook избриша околу 42 милијарди долари од пазарната капитализација. Цената на акциите падна за 7,9 проценти и тие се на пат да го запишат најлошиот ден од 24 септември 2012 година.

Богатството на нејзиниот извршен директор и ко-основач, Марк Цукерберг се намали за околу четири милијарди долари.

Социјалната мрежа е под напад, откако стана јасно дека компанијата придонела во победата на Доналд Трамп, откако придобила и обработила податоци на над 50 милиони корисници без нивна согласност.

Експертите велат дека ова значително придонело за изборните резултати.