“Feel so good”, нова песна на Симона Поповска

По пауза од речиси година и половина на музичката сцена, пејачката  Симона Поповска се враќа со нова песна.
Причина за нејзиното апстинирање од музиката беше остварувањето на Симона како мајка.

До пред некоја година позната и како член на единственото денс  дуо кај нас „Саунд Месинџерс“  заедно со Дј Ерик Фокс, кои беа доста актуелни со своите настапи по клубовите низ Македонија па и надвор од неа. И овој заедно соработуваат на новата песна.

Се работи за нејзиниот нов сингл со наслов “Feel so good”. Музиката е на Ерик Фокс и Рената Кралевска која е и автор на стиховите, во продукција на Ерик Фокс. Песната наскоро ќе се најде и на сите познати музички платформи како Spotify, Аppstore и тн.

Песната може да ја слушнете на следниот линк:

Музичкото видео го изработи уметничкиот фотограф и режисер на видеоспотови  Зоран Зонде Стојановски.

Симона најави уште неколку песни кои  очекува да излезат многу наскоро и се испеани на македонски и  англиски јазик.

 

Сподели