Фестивал на дуети во Могила

0
2071

Под отворено небо, на отворената летна сцена синоќа  на фестивалот на дуети „Константин и Елена“ во Могила посетителите имаа можност да ги слушнат 16 те новокомпонирани песни од познати изведувачи од Македонската естрада. Некои од изведувачите настапија прв пат , а некои пак на фестивалот се секоја година.


Директорот на фестивалот Фидан Шемовски иако живее во Германија 48 години, и е во својата 7деценија од животот, планира да продолжи и во иднина да го организира овај настан. Се потсети на почетоците кога пред 5 години започна да се одржува овај фестивал

Покровител на фестивалот „Константин и Елена“ е општина Могила .


Синоќа фестифалот наликуваше на иселеничка средба .Нашинци од сите страни на светот, луѓе кои што недошле 20 до 30 години во Могила, повторно меѓу своите. Дојдоа и од друштвото Димче Могилчето од Австралија. Велат македонецот каде и да е не смее да ги заборави своите корени.


Сите песни што синоќа беа изведени ставени се и на цд. Покрај овој фестивал кој прерасна во традиција, од општина Могила истакнаа дека редовно ги подржуваат и Добрушевските средби, петровденските средби и сите манифестации кои се од културен карактер.Градоначалникот Пивковски рече дека годинава не ја добиле поддршката од Министерството за култура.

Сите песни што синоќа беа изведени ставени се и на цд. Овај фестивал е почеток практично на културното лето во Могила