ФОТО ГАЛЕРИЈА: Почна карневалот во Вевчани

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вевчанскиот карневал почна денеска со поворка на повеќе од илјада маскирани василичари од вевчанските маала, кои се споија на плоштадот пред зградата на Општина Вевчани.

Традиционално, маските на вевчанскиот карневал се одраз на случувањата изминатата година во Македонија и во светот. Политичка сатира, филмски и историски ликови, локални митови и легенди.

Вевчанскиот карневал е еден од најпознатите на Балканот и се верува дека е стар 1.400 години. Во 1993 година, Вевчанскиот карневал официјално стана дел од Светската федерација на карнeвалски градови.


 

Share.