ФОТОГАЛЕРИЈА: Во Крани на плажа

0
6516

На брегот на Преспанското езеро се наоѓа Автокампот Крани. Во минатото беше една од најпосетуваните дестинации на оваа езеро. Песокот на тамошната плажа, дискотеката во Крани, беа нешто на што и денеска се присетуваме со носталгија. И тој камп како и многу други објекти во едно време беа оставени да пропаѓаат, но од пред неколку години и тука се врати сјајот на Преспа. Познатиот угостителски бренд Капри овој автокамп заедно со плажата и останатите содржини ги ревитализираше, реновираше и го привлече вниманието на туристите.