Франција и Германија во карантин

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Франција, карантинот ќе биде повторно воведен на национално ниво од утре 30 октомври, во обид да се спречи епидемијата на Ковид-19, која повторно се заканува да избега од контрола, објави синоќа францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој додал дека новите мерки се планирани да бидат на сила до 1 декември, со цел да се спречи експоненцијалното ширење на коронавирусот.

Баровите, рестораните и несуштинските дејности ќе мораат да затворат, но за разлика од двомесечниот карантин од минатата пролет, учениците ќе можат да посетуваат настава во училиште, рече Макрон во телевизиско обраќање.
Фабриките и фармите ќе можат и натаму да работат, како и некои јавни услуги, со цел да се ограничи економската штета.

Во Германија почнувајќи од понеделник, 2 ноември, приватните собири ќе бидат ограничени на 10 лица од најмногу две домаќинства.

Рестораните, баровите, театрите, кината, базените и теретаните ќе бидат затворени, а концертите откажани, училиштата и градинките ќе останат отворени, како и продавниците, со строго почитување на мерките за физичко растојание и хигиена.

Share.