Француската полиција го блокира тунелот под Ла Манш за мигрантите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Веќе неколку недели сообраќајот пред Евротунелот кај Кале се двива отежнато. Тука се стационирани илјадници бегалци од Сирија и Еритреја кои се обидуваат да влезат во товарните камиони и по возовите.

Се проценува дека крај францускиот град Кале има околу 5 илјади мигранти. Франција и Велика Британија побараа помош од ЕУ за да се справат со проблемот.

Британскиот премиер Дејвид Камерон најави дека ќе испрати во Франција полицајци со кучиња, за да го чуваат пристапот кон тунелот под Ла Манш.

Share.