Фризерите и граѓаните за Николче Колев

0
14459

На сред Плоштад „Магнолија“, битолчани на столче седнати се разубавуваа, а фризерите и берберите од градот ги фенираа, пеглаа и стрижеа .Во хуманитарната акција насловена „Сите заедно да работиме и да продаваме препарати за коса“, битолчани ја покажаа својата хуманост, со цел да му помогнат на својот пријател, 21 годишниот Николче Колев, на кој што му се потребни финансиски средства за лекување надвор од државата, за да ја победи битката со карциномот на меко и сврзно ткиво.

Граѓаните со повик секој да помогне колку што може.


Фризерите и со предлог: во иднина да се отвори фонд каде што граѓаните, јавните претпријатија од градот, хотелиерите, бизнисмените, ќе можат да донираат, а собраните средства да се даваат на онај на кој што му се потребни.


Во Хуманитарната акција за Николче Колев се вкулчи и Интимниот Театар од Битола, каде што ќе се прикажат две претстави

Организаторите на оваа хуманитарна акција со најава дека во наредниот период ќе организаираат и хуманитарен риболовен настан, концерт со познати музички групи, и етно концерт, со цел што повеќе да се соберат финансиски средства за да му се помогне на младиот битолчанец Николче Колев.