Фудбалерите на Пелистер негативни на ковид-19, спремни за почеток на сезоната

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Сите членови на ФК Пелистер, играчи, тренери, стручниот и медицинскиот тим и раководството се негативни на последниот тест на ковид-19 во пресрет на стартот на новата сезона.

Тестовите кои ги плати и обезбеди ФФМ за сите клубови, покажаа дека битолчаните се подготвени за одигрување на првиот натпревар во новата сезона.

Пелистер е домаќин на составот на Академија Пандев, а натпреварот ќе се игра в недела од 17:30 часот без присуство на публика.

Share.