Генерациска средба 20 години од матура

0
2533

После матурските прослави следува периодот на средбите на генерации. Поминале повеќе години од средношколските денови и матурата, а спомените останале како да било вчера нивното другарување.
Генерациска средба одбележаа матурантите кои учеа во гимназијата Јосип Броз Тито пред 20 години.
Ако месец мај е месец на матурите, тогаш месец јуни е месецот кога се прославуваат годишнините од матурата.

– Оваа вечер е незаборавно доживување  и значаен дел од нашиот живот-истакнаа дел од нив. На средбата присутен и еден од професорите кој  34 години предавал историја во гимназијата.
Прекрасен повод за обновување на пријателства и евоцирање на спомени. Прославата на матурата е едно доживување кое се памети цел живот.
Прославата 20 години од матурата се одржа во ресторан Белведере.