Германската Влада ги блокира сите коментари на Кирилица на Инстаграм

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Германската влада наложи блокирање на сите кирилични коментари на Инстаграм профилот на Ангела Меркел, по поплавата на навредливи коментари од Русија, изјави портпаролот на владата за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.

– Со цел за подобро разбирање, коментарите на други јазици освен германски и англиски се укинати, објасни тој.
Отворен минатата среда, Инстаграм профилот на германската канцеларка за кратко време е преплавен со пораки на кирилица.Во поедини случаеви тоа биле препукувања на Руси и Украинци во врска со конфликтот во нивната земја.
Навредливите коментари најпрво биле бришани еден по друг, но веднаш се појавувале нови, истакнал портпаролот на германската влада во своето образложение за блокадата.
Share.