Германскиот парламент гласаше за легализација на истополовиот брак

0
582

Германскиот парламент гласаше за легализација на истополовите бракови со 393 гласови наспроти 226 и покрај спротивставувањата на Ангела Меркел на потегот, пренесе Индепендент.

Германската канцеларка беше видена како гласа со „црвен картон“, што укажува на гласање не, на крајот на жестоката дебата во Бундестагот.

„За мене, бракот според германскиот закон е брак меѓу маж и жена и тоа е причината зошто јас не гласав во прилог на овој предлог-закон денес“, изјави таа за новинарите неколку моменти по историското гласање.

„Се надевам дека денешното гласање промовира не само почит меѓу различните мислења, туку исто така придонесува за поголема социјална кохезија и мир“.

Канцеларката, рече дека го поддржа воведувањето на законот за целосни права за посвојување на истополовите двојки – потег на кој претходно се спротивставуваше – и се бори за анти-ЛГБТ дискриминација.

Меркел ги ослободил своите конзервативни Демохристијани (ЦДУ / ЦСУ) од партискиот камшик за ова прашање, повикувајќи се на „гласот на совеста“.

Предвременото гласање беше свикано од страна на централно-левичарската Социјалдемократска партија (СПД), според амандманот насловен „брак за сите“ за кој што беше загарантирано мнозинство во Бундестагот од Левичарската партија и Зелените.

Јоханес Кахр, политичар од СПД познат по своите ЛГБТ кампањи, започна експлозивен напад врз Меркел во врска со „срамното“ одложувања на законодавството.

Тој го заврши својот страстен говор со: „Меркел, ви благодариме за ништо“.